Викендов се одигра 13.коло во младинските групи 1 и 2 во машка ракометна конкуренција. Двата црвено-црни тима успеаа да дојдат до победи над своите ривали на овие средби. Во рамки на Групата-1, тимот на Вардар во дербито ја пречека екипата на РК Металург. Момците на Будимир и Станковски во еден цврст и борбен дуел дојдоа до минимален триумф. Победата на оваа средба дојде со гол предност, 21-20 во последните минути од дуелот.
*РК Јуниор К.В. – РК Струга 29 – 34
*РК Вардар- РК Металург 21-20
*РК Радовиш – РК Пелистер 20-29
*РК Охрид 2013- РК Работнички 36-21
Во групата-2 се одиграа четири дуели, победа остварија првопласираните три тима, Металург-2, КЛ-7 и нашиот Вардар Јуниор. Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков гостуваа кај тимот на РК Бутел, вардарци дојдоа до триумф против тимот кој е зад нас на табелата односно е четвртопласиран.
* РК Металург 2 -РК Еурофарм Работник 45-26
* ГРК Борец – РК Прилеп 2010 28-34
*РК Бутел Скопје – РК Вардар Јуниор 30-35
*РШ КЛ-7 35- РК Пролет 62 35-27
..