Задутре, четврток (31.март) женскиот кошаркарски тим „Вардар“ игра дерби во групата Исток. На програмата е последниот дуел од групната фаза пред минување во Суперлигата.
Во салата „Кале“ ќе ни гостува тимот на Баскет Кам од Македонска Каменица, единствениот тим кој досега ни нанесе пораз. Оваа средба е шанса за девојките на Славица Наков да се одмаздат за истиот и со рамноправен скор да влезат во Суперлигата.
Дуелот е закажан со почеток во 14-00 часот, како и во првиот така и на оваа средба влегуваме со дузина проблеми. Имаме позитивна кошаркарка и девојки кои денес искачаат од изолација па нема да бидат целосно подготвени за утре, но треба да се покаже квалитет кога е најтешко.