Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шишкарев: Минав шест прекрасни години во Скопје, ќе биде навистина тешко
Шишкарев: Минав шест прекрасни години во Скопје, ќе биде навистина тешко

Шишкарев: Минав шест прекрасни години во Скопје, ќе биде навистина тешко

Ракометарите на Вардар по се изгледа дека фатија натпреварувачки ритам и форма, па тоа треба да ги радува пред големиот предизвик во четврток, кога гостува екипата на Веспрем во рамките на 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Како што е добро познато, во овој тим има многу поранешни играчи на Вардар, а меѓу нив е Данил Шишкарев кој за прв пат ќе игра против некогашниот тим.

,,Минав шест прекрасни години во Скопје. Ќе биде навистина многу тешко да играме во Јане Сандански, но ако се подготвиме добро се надевам дека ќе стигнеме до победа. За мене како што споменав ќе биде навистина посебно, бидејќи повторно ќе се сретнам со моите пријатели”, рече Шишкарев.