Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар гостува кај Баскет Кам, црвено-црните одат на 7/7 за зачувување на врвот
ЖКК Вардар гостува кај Баскет Кам, црвено-црните одат на 7/7 за зачувување на врвот

ЖКК Вардар гостува кај Баскет Кам, црвено-црните одат на 7/7 за зачувување на врвот

На програмата во женската Прва кошаркарска лига овој викенд е 7.коло, во истото црвено-црните дами се гостинки на екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица. Девојките на Жаклина Стојановска, ЖЖК Вардар  гостува како лидери на тебелата каде се на врвот со два бода пред шампионот Бадел.

Дуелот се игра во недела, 2ри декември со почеток во 14-00 часот. Нашиот ривал досега одигра пет кола и има четири победи и само еден пораз. Вардарки се благи фаворитки на оваа средба и ќе се обидат да дојдат до седмата победа во исто толку дуели во лигата и да го задржат врвот пред идното 8.коло во кое се домаќини на дерби средбата со Бадел 1862.