Вчера во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ се одигра тест-дуел помеѓу повозрасните девојки на ЖРК Вардар кои играат во сениорската и младинската лига и помладите девојки кои играат во кадетската и пионерската конкуренција. Целта на оваа средба беше да се одржи натпреварувачката форма поради паузата во првенствата. Победата очекувано ја остварија поголемите со резултат 38-29.
Во првиот дел повозрасните беа и очекувано подобар противник, успеаа да се одлепат и да ја зголемуваат позитивата во текот на првиот период. На одмор заминаа со шест позитива на нивното конто па на пауза се замина со резулат од 15-9. Вториот дел беше далеку поефикасен период во однос на воведниот, за разлика од првиот кога беа постигнати 24 гола во овој дел имаше дури 43 погодока во двете мрежи. Првотимките ја зачуваа предноста и ја зголемија за три гола на крај триумфирајќи со конечни 38 -29 на ова “сестринска“ средба.
Kога сме кај постигнувањата највисока бројка зад своето име имаше Симона Грујовска која овој дуел го заврши со 8 одбрани (38%, од кој еден пенал и една контра), другиот голман Андреа Илиќ имаше 7-ца зад своето име (30% одбранети удари). Кети Ангеловска дуелот го заврши со 6 погодоци, Ана Марија Божиновска и Андреа Седлоска имаа по 5 гола, a три девојки завршија на бројката 4, станува збор за: Ива Јаковчевска, Бојана Диневска и Катерина Дамјановска. По три затресувања на мрежата впишаа Мирјана Петковска и Трпевска Ивона, пикерот Џатевска Ивана мечот го заврши со 2 гола од исто толку обиди, а крилата Сара Миновска и Стефанија Ѓорѓиевска стрелаа по еднаш.