Триумфот против Извиѓач беше седми за вардарци оваа сезона во СЕХА-лигата. Овој дуел беше еден вид подготовка за саботниот натпревар од Лигата на Шампионите, против екипата на Киелце. Мартин Поповски доби голема минутажа на вчерашниот натпревар и успеа да постигне пет голови. Десното крило даде свои видување за победата.
-Важен натпревар за нас, за да ја вратиме самодовербата. Знаевме дека ова ќе биде битен дуел, и да одиграме максимално затоа што во сабота не очекува битен натпревар. Им честитам на екипата на Извиѓач, играа добро се бореа, трчаа, сепак тие се млад состав. После овие два резултати во Лигата на Шампионите, овој дуел дојде добро за да ја вратиме играта, да се совземеме и да се подготвиме за она што ни претстои. На мечот со Извиѓач ротиравме, за да ги сочуваме силите и мислам дека одигравме добар натпревар.