Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар утре на мегдан со Баскет Кам, двата тима се единствени без пораз досега
ЖКК Вардар утре на мегдан со Баскет Кам, двата тима се единствени без пораз досега

ЖКК Вардар утре на мегдан со Баскет Кам, двата тима се единствени без пораз досега

ЖКК Вардар во петто коло од Првата лига на женската кошаркарска сениорска конкуренција ќе одигра натпревар со тимот на Баскет КАМ од Македонска Каменица.

Во ова коло „гостуваме“ во малата сала при СРЦ „Кале“, поточно ќе бидеме гости во нашиот дом на ривалот. Дуелот се игра утре, сабота (23/11/2019), на мечот со почеток во 18:30 часот судиската правда ќе ја делат:
С.Митев и  М.Богески.

Нашиот ривал е лидер на табелата, тие успеаа да победат во четири меча досега, ние имаме три победи, но имаме меч помалку од противникот. Минатата недела избраничките на Жаклина Стојановска, поради репрезентативни обврски не одиграа дуел од 4.коло.