Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Нема „стоп“ за вардаровите пионери, избраниците на Петковски убедливи и на гостувањето кај Бутел
Нема „стоп“ за вардаровите пионери, избраниците на Петковски убедливи и на гостувањето кај Бутел

Нема „стоп“ за вардаровите пионери, избраниците на Петковски убедливи и на гостувањето кај Бутел

Пионерите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до седмата последователна победа сезонава. Вечерва избраниците на Зоран Петковски гостуваа кај екипата на Бутел, која ја совладаа со резултат 18:27.

Заслужен триумф за вардарци кои имаа предност во текот на целиот натпревар, не дозволувајќи му на Бутел ниту во еден момент да ја загрози нивната победа. Уште на стартот од дуелот најавивме дека сме дојдени по бодовите, кога го отворивме натпреварот со серија од три погодоци, додека тимот на Бутел својот прв гол го постигна во 4.минута од мечот за намалувањње на 1:3. Следеше нова серија за вардаровите пионери од 0:7, кои се одлепија на највисоки 1:10. Одлично делуваше одбраната која ја постави Зенга, а противникот немаше одговор за таквата игра. До крајот на првото полувреме, Бутел се погрижи да ја намали негативата, па на одмор се замина со резултат 8:14.

Вардар имаше контрола на играта и во вторите 20 минути од мечот. Ги постигнавме првите два гола во овој дел од мечот и повторно се вративме на високи осум голови разлика (8:16). Беше и 13:21, па домашниот тим постигна два гола во серија и намали на 15:21. Сепак, Вардар повторно стигна до предност од осум голови, разлика, а остатокот од мечот беше рутина за црвено-рните, кои славеа победа со резултат 18:27.

Алесандро Писонеро беше најефикасен со 6 голови, додека по 4 постигнаа Матеј Трајановски и Кирил Симоновски. Александар Стојменов, Христијан Петковски и Марио Стојановски додадоа по 3, додека по 2 беа дело на Стефан Ристевски и Мартин Сипковски.