Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Милано е следен противник за вардаровите генерации 2005 и 2006
Милано е следен противник за вардаровите генерации 2005 и 2006

Милано е следен противник за вардаровите генерации 2005 и 2006

Во недела на теренот на Академијата, генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар во рамките на 10.коло од регионалната-скопска лига се домаќини на екипата на Милано. Мечевите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Генерацијата 2006 игра одлично во дебитантската сезона на ова натпреварување, каде на осум одиграни натпревари има исто толку победи. Вардар е лидер на табелата, со максимален број на освоени бодови и со гол разлика од 42 постигнати и ниту еден примен гол. Што се однесува до екипата на Милано, на седум одиграни мечеви имаат скор од пет победи и по еден нерешен резултат и пораз. После Вардар, кумановчани ја имаат и втората најдобра одбрана во лигата, со само пет примени погодоци.

Генерацијата 2005 на Вардар ќе се обиде да стигне до седмата победа сезонава, за тоа ќе треба да го совлада тимот на Милано. Следниот наш противник во лигата се наоѓа на петтото место на табелата со освоени 13 бодови. Имаат одиграно осум натпревари, на кои остварија четири победи, еден нерешен резултат и три порази.