Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Палевски не го дава врвот, Крстевски од Вардар Јуниор го напаѓа 3.место на листата на најдобри стрелци
Палевски не го дава врвот, Крстевски од Вардар Јуниор го напаѓа 3.место на листата на најдобри стрелци

Палевски не го дава врвот, Крстевски од Вардар Јуниор го напаѓа 3.место на листата на најдобри стрелци

После 11.одиграни кола во машката ракометна Супер-лига, екипата на Вардар Јуниор се наоѓа на 6.место со вкупно 15 освоени бодови. Малку недостасуваше во претходното коло, црвено-црните да го изненадат фаворитот Металург и да му „откинат“ еден бод.

Што се однесува до листата на стрелци, која после секое коло ја објавува ракометниот портал, 24, ракомет, првото место се уште го држи Давот Палевски од екипата на Работнички, кој има постигнато 116 голови, додека второто место е за Ивица Илиев од Радовиш со 104 погодоци.

Во ТОП-10 листата на најефикасни играчи и понатаму се наоѓа играчот на Вардар Јуниор, се работи за Стефан Крстевски кој се искачи една позиција погоре од претходното коло и сериозно го загрозува и третото место. Така на 3 и 4.позиција се наоѓаат играчите на Бутел, односно Пролет, Мајиќ и Поповски кои имаат по 70 голови, додека Крстевски е веднаш зад нив со 69 голови.

Вака изгледа листата на ТОП-10 стрелци, после 11 одиграни кола во Супер-лигата.

116 – Давор Палевски (Работнички)

104 – Ивица Илиев (Радовиш)

70 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

70 – Мартин Поповски (Пролет)

69 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

67 – Иван Џонов (Пролет)

67 – Филип Николов (Радовиш)

64 – Стефан Талевски (Пелистер)

60 – Филип Кривокапиќ (Охрид)

59 – Лука Стојановиќ (Металург 2)