Девојките на Жаклина Стојановска во 2019 одиграа четири кола во Првата кошаркарска лига, на сите четири натпревари остварија сигурни и доминантни победи со своите ривали. Викнедов црвено-црните дами ќе атакуваат на пет од пет во оваа пролетна полусезона.
ЖКК Вардар во ова 15.коло од едниствената женска лига викендов е гостин кај тимот на ЖКК Струга 2009. Нашиот противник е солиден тим, кој во 11 одиграни кола има осум победи. Сепак ние сме фаворити за триумф и на оваа средба. Вардарки во првиот меч со истиот ривал во “Кале“ лесно триумфираа со резултат 91 – 49.