Во сабота во Скопје на мегдан со нашиот Вардар доаѓа првиот „бомбардер” во Лигата на шампионите. Се работи за Мелвин Ричардсон, синот на француската легенда Џексон Ричардсон кој игра во извонредна форма иако неговиот тим е пред сензацијонално испаѓање уште во групната фаза од Л.Ш.
Младиот Ричардсон оваа сезона буквално „експлодираше”. На Кристијанштад му даде 11 гола, а пак на Рајн-Некар во Германија 10. Во овој момент одличниот французин е на бројка од 83 постигнати погодоци и е далеку натпревар кај стрелците (со плус осум) пред Шмид и Пуковски кои се на бројка од 75 постигнати погодоци.
Овој податок е супер шанса и мотив повеќе за нашите голмани Милосављев и Гедбан, кои сигурно дека ќе сакаат да го „спуштат на земја” Мелвин кој е како што рековме пред испаѓање со неговиот тим, Монпелје.