Вардар влезе во тесна трка за второто место откако одигра лесно против Лирија и победи на гостински терен со резултат 0-3 (19-25, 14-25, 18-25).
Победа од 3-0 на првото гостување во вториот дел од сезоната против екипата на Лирија во Тетово. Продолжуваме со силното темпо и следниот викенд на домашен терен го пречекуваме лидерот на табелата ОК Џио Струмица – велат од официјалната страна на ОК Вардар.
Џио Струмица останува лидер, без ниту еден загубен натпревар и со само еден загубен сет досега.