Девојките на Бадел успаа со 3-0 да го совладаат ЖКК Вардар и да обезбедат петта шампионска круна по ред во лигата. Нашите девојки првенството го завршија како “сребени“ откако в “Кале“ беа поразени со 76:55. Купот е во нашите витрини, шампионскиот пехар и оваа година го пропуштивме, но сепак овие девојки го дадоа максимумот во текот на целата сезона.
Добро го започнавме натпреварот, но до крајот на полувремето постојано ја губевме свежината и не го контролиравме дефанзивниот скок, што на Бадел им дозволи поени од втора шанса. Веќе после паузата, започнавме со егал игра , но противникот и овој пат заигра поангажирано при што стигна до двоцифрена предност и не ја испуштија до крајот на натпреварот, а ние не успеавме доволно да се спротиставиме за да го свртиме резултатот во наша полза- изјави тренерот Дамњановски