Кадетите и кадетките на ракометниот клуб Вардар овој викенд ги очекуваат предизвици во своите категории. Момците го играат последното, 14.коло од групата, а пак девојките играат завршен Ф4 турнир.
Кадетките на Вардар Јуниор со одличниот настап во групата и првото место обезбедија завршен Ф4 турнир. Тие ќе играат во Куманово во салата при екон. Учил. “Перо Наков“ каде ќе се игра овој турнир. Во полуфиналето со почеток во 12-30 часот ние на мегдан ќе искочиме со екипата на ЖРК Металург. Во другото полуфинале ќе се сретнат екипите на ЖРК Куманово и ЖРК Стружанка. Дуелот за злато е закажан во 19-30 часот, а малото финале ќе се игра два часа претходно. Напомена поради тоа што Драгана Ристова, кормиларот на оваа екипа и девојките се во Црна Гора на турнир, екипата ќе ја води Александар Царчев. Тој на располагање ќе имаа 11 девојки, пет од постојната кадетска екипа и шест девојки родени 2000 и 2001 кои моментално настапуваат за сениорскиот тим на Вардар Јуниор.
Кадетите на Вардар, момците на Адријана Будимир ќе играат дуел од последното 14.коло во групата-3 од кадетската лига. Тие во истото се домаќини на екипата на РК Бутел од Скопје, дуелот се игра во недела, 20.мај. Натпреварот во Спортскиот центар “Кале“ ќе започне во 15 чаcот и 30 минути. Тие во овој меч имаат една цел да ја завршат оваа фаза со 100% скор, досега имаат 13/13 во изминатите кола и веќе поодамна се пласирани како лидери на завршниот Ф4.