Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Страхиња Милиќ во ТОП-5 најдобри голмани во СЕХА-лигата, според бројот на одбранети удари
Страхиња Милиќ во ТОП-5 најдобри голмани во СЕХА-лигата, според бројот на одбранети удари

Страхиња Милиќ во ТОП-5 најдобри голмани во СЕХА-лигата, според бројот на одбранети удари

Вардар успеа да го одбрани трофејот во СЕХА-лигата, кој беше вкупно четврти за црвено-црните во седмата сезона на СЕХА-лигата. По завршување на сезоната луѓето во СЕХА-лигата направија анализа на најдобрите голмани кои остваиле најмногу одбрани во текот на целата сезона. Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ се најде на петтото место според бројот на одбанети удари, популарниот Џамбо успеа да собере 111 топки. На првото место се најде голманот на Целје, Урбан Лесјак со 156 одбрани, второто место е за Клемен Ферлин од Горење со 155 интервенции, третата позиција е за Игор Чуприна од Татран Пешов со 140 одбрани, додека на четвртата позиција е Душан Петровиќ од Динамо Панчево со 114 одбранети удари.