Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар утре го пречекува Бадел во дербито
ЖКК Вардар утре го пречекува Бадел во дербито

ЖКК Вардар утре го пречекува Бадел во дербито

Веќе во второто коло од кошаркарската Прва лига во женска конкуренција ќе се игра дербито на двата ривала за титула. Вардар ќе го пречека тимот на кој лани му ја одзема титулата, екипата на Бадел 1862.

Двата тима, кои и оваа сезона се единствени претенденти на титулата, сосема очекувано во првото коло тргнаа со високи победи против ривалите. Дерби натпреварот се игра утре, 26.октомври во малата сала при Спортскот центар “Кале“. Девојките на Жаклина Стојановска ќе ги нагостат сино-жолтите девојки напладне, мечот е закажан за 12-00 часот.