Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Девојките на Наков и Деловска, Вардар М16 се сретнаа со Рилски Спортист
Девојките на Наков и Деловска, Вардар М16 се сретнаа со Рилски Спортист

Девојките на Наков и Деловска, Вардар М16 се сретнаа со Рилски Спортист

Денес, ЖКК Вардар М16 го започна настапот на силен меѓународен турнир во Унгарија. Девојките кој ги предводи Наков Славица на која и асистира капитенот на првиот тим Деловска Симона го имаа првиот меч. Ние на средбата со бугарскиот тим, на турнирот  “Basketgirls Superchallengе”Рилски Спортист одигравме три одлични периода, бевме поразени по слабата последна четвртина.

Одигравме целосно рамноправно во првиот период успеавме да парираме на бугарките, па по 10.минути кошарка имавме само минимална негатива, 16-15. Вториот период беше идентичен и со резултатскиот заостаток и со нашата одлична игра во поле, на пауза заминавме со 34-32.

zkk-m16-4

Доста интересен факт е и дека треттата четвртина исто така ја загубивме со само еден поен, па противникот во последната влезе со три поена предност. Одличната наша игра изостана во решавачкиот, четврти период и бевме поразени со 72-57.

Сепак овие млади дами покажаа голем потенцијал за кошаркарската игра. Веќе утре имаат нови, два меча за докажување. Нина Зафирова беше прв стрелец со 22.поена, Христина Ставревска погоди 19, а 8.поена беа дело на Гилева Тамара.