Како што е најавено од куќата на кошарката, женската сениорска лига ќе стартува на 13. октомври, па затоа вардарки со полна пареа се подготвуваат за почетокот на новата сезона. Во таа насока денес ЖКК Вардар ќе одиграат контролен тест-дуел против шампионот, тимот на ЖКК Бадел 1862.
Тоа е дуел на двата тима кои лани ги поделија трофеите во женската македонска кошарка, нашиот противник беше шампион во лигата, а црвено-црните дами го одбранија Куп пехарот. Денес натпреварот е закажан од 17:00 часот во “црвено-црниот” дом, С.р.ц “Кале“. Новиот тренер Стојановска е на кормилото на оваа екипа и им посакуваме успешна сезона на нашите девојки.