После три одиграни кола во женската Супер-лига, екипата на Вардар има по една победа, нерешен резултат и пораз.
Во првото коло, избраничките на Симовски и Ристова испуштија победа кога ремизираа со екипата на Куманово, потоа следуваше дуел против Овче Поле, кој младиот состав на Вардар го доби убедливо и во третото коло на домашен терен бевме поразени од повозрасниот и поисксуен тим на Металург. Сајтот на 24 ракомет направи ТОП-10 листа на најдобрите стрелци, после првите три одиграни кола. На неа се наоѓа и ракометарката на Вардар, се работи за Андреа Седлоска, која има постигнато вкупно 18 голови, или во просек по 6 на натпревар.
Вака изгледа ТОП-10 листата на најдобри стрелци:
28 – Марија Николовска (Спартак)
27 – Марија Гајиќ (Металург)
26 – Мила Трајковиќ (Куманово)
24 – Симона Василева (Цемс)
21 – Бојана Јованоска (Стружанка)
21 – Наталија Манева (Овче Поле)
19 – Михаела Камческа (Деспина)
19 – Драгица Митрова (Гевгелија)
19 – Ангела Јанкуловска (Пелистер)
18 – Андреа Седлоска (Вардар)
18 – Александра Боризовска (Куманово)