Со натпреварот помеѓу Рајн-Некар и Брест Мешков стартува третото коло, во рамките на најсилната група А од Лигата на Шампионите. Токму белорусите и Вардар се единствените екипи кои имаат маскимални четири освоени бодови, после првите две одиграни кола, но факт е дека и двата тима во ова коло имаат тешки гостувања.
Вардар во сабота ќе гостува на Веспрем, екипа која важи исто така за претедент на завршниот турнир во Лигата на Шампионите и екипа која тешко се совладува на домашен терен. Истиов ден силите ќе ги одмерат екипите на Кристијанштад и Барселона, додека во недела колото во оваа група ќе биде комплетирано со натпреварот помеѓу екипите на Монпелје и Киелце.
Како изгледа табелата после двете одиграни кола.
1. Вардар 4
2. Брест Мешков 4
3. Барселона 2
4. Киелце 2
5. Веспрем 2
6. Рајн-Некар 2
7. Монпелје 0
8. Кристијанштад 0