Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Симон Калајџиески: Со овој триумф го превземаме првото место на табелата и ќе се потрудиме да го задржиме се до крајот на првата полусезона
Симон Калајџиески: Со овој триумф го превземаме првото место на табелата и ќе се потрудиме да го задржиме се до крајот на првата полусезона

Симон Калајџиески: Со овој триумф го превземаме првото место на табелата и ќе се потрудиме да го задржиме се до крајот на првата полусезона

Вчера се одигра дербито во кадетската лига, во кое се сретнаа екипите на Вардар и Аеродром. Поуспешни беа црвено-црните, кои славеа минимално со резултат 29:28, откако беше досуден седмерец, кој успешно го реализира Давид Мирчевски. На натпреварот имаше дури 25 израмнувања, што говори за каков израмнет дуел гледавме во малата сала на С.Ц. Јане Сандански. Ова беше трета последователна победа во новата сезона за избраниците на Андријана Будимир. Симон Калајџиески имаше свој придонес во триумфот на Вардар, тој мечот го заврши со четири постигнати голови.

vardarfans-simon

-И двете екипи одигравме добар и борбен натпревар, многу неизвесен се до последната минута и последниот пенал. Задоволни сме од играта, но секогаш може подобро. Имавме доста технички грешки и избрзани шутеви во напад, а во одбрана пробувавме тоа да го исправиме. Со овој триумф го превземаме првото место на табелата и ќе се трудиме да го задржиме се до крајот на првата полусезона, изјави Калајџиески за нашиот сајт.

Звонко Ивановски