Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар со победа кај Гризли, нови изненадување за водечките
ЖКК Вардар со победа кај Гризли, нови изненадување за водечките

ЖКК Вардар со победа кај Гризли, нови изненадување за водечките

Ниту паузата во домашниот шампионат „предизвикана“ со мечевите на сениорскиот национален тим, како и завршницата во Купот на Македонија, не донесоа промени на подобро за лидерот во Првата лига.

Екипатга на Баскет Кам 2011 запиша уште еден пораз, втор по ред, сега и на домашен терен. Во Македонска Каменица, подобри од нив за два поени (55:53), беа младите кошаркарки на Крива Паланка.

Киксот на водечката екипа е добредојден за следбениците на табелата. Во прв ред, екипата на Вардар која без особени проблеми го победи составот на гризли (78:43), на Бадел 1862, кој излезе како победник во дуелот со Струга 2009 (68:61). Па и на новиот освојувач на Купот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром која без проблеми стигна до убедлив триумф на гостувањето во кавадарци против Пробаскет (74:45).

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

Баскет Кам 2011 – Крива Паланка     53:55

Гризли – Вардар   43:78

Бадел 1862 – Струга 2009         68:61

Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром  45:74

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 20, Вардар 19, Бадел 1862 18, МЗТ Скопје Аеродром 17, Крива Паланка 17, Струга 2009 16, Гризли 13, Пробаскет 11;

ИДНО КОЛО (04.03)

Крива Паланка – Гризли

Струга 2009 – Баскет Кам 2011

Вардар – Пробаскет

МЗТ Скопје Аеродром – Бадел 1862