Контролен натпревар против екипата на Брегалница во Дојран одиграа и нашите кадети. Вардар славеше со резултатски пресврт 2:1.
На натпреварот кој се играше во 3 полувремиња од по 30 минути, како подобар противник на крајот се покажа Вардар кој забележа минимална победа.
Откако Брегалница имаше водство од 0:1, кадетите се погрижија за резултатски пресврт постигнувајќи два гола во мрежата на Брегалница. Головите беа дело на Филип Јовановски и Матеј Митревски. На двата гола претходеше асистенција од Матеј Гаштаров.
Вардар: Никола Филевски, Симеон Здравковски, Матеј Митревски, Влатко Кулуковски, Хадис Рамани, Максим Бундалески, Матеј Гаштаров, Димитар Стојановски, Филип Радевски, Михаил Кузмановски, Филип Јовановски.