Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари со Брегалница
Пионерските екипи на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари со Брегалница

Пионерските екипи на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари со Брегалница

Пионерските екипи на ФК Вардар како дел од подготовките кои се одвиваат во Дојран, денес одиграа пријателски натпревари со екипата на Брегалница.

Пионерите на Вардар беа поразени со резултат 1:2. Противникот прв го отвори резултатот, за нашиот состав да го израмни резултатот со голот на Кристијан Галевски, инаку повратник во Вардар. На полувреме се замина со резултат 1:1. Во вториот дел видовме неколку шанси на двете страни, за една Брегалница да реализира и на крајот да го добие натпреварот. На нашиот гол, неколку добри интервенции имаше Максим Краљевски.

Вардар: Максим Краљевски, Андреј Ѓуроски, Драган Јанкоски, Давид Цековски, Матеј Ѓоргиевски, Мирза Хасиќ. Харбин Туша, Кристијан Галевски, Максим Цониќ, Хабиб Бектеши и Марко Николовски.

Генерацијата 2007 на Вардар одигра со нерешен резултат 2:2 во соочувањето со врсниците од Брегалница. Можеме да жалиме што не стигнавме до победата со оглед дека имавме водство од 2:0 и тоа со двата гола на Антонијо Крстевски, но сепак штипјани до крајот на мечот постигнаа два гола во нашата мрежа и се изборија за нерешен резултат.

Вардар: Лука Јаневски, Филип Дамевски, Ненад Стојанчевски, Мичо Поповски, Алексеј Ивановски, Марко Крстевски, Петар Котевски, Бобан Бакрачески, Иван Блажевски, Антонијо Крстевски и Михаил Јорданоски.