Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар го доби високо дербито со Бадел, се вративме на лидерската позиција
ЖКК Вардар го доби високо дербито со Бадел, се вративме на лидерската позиција

ЖКК Вардар го доби високо дербито со Бадел, се вративме на лидерската позиција

Полесно од очекувањата „вардарки“ стигнаа до победата против Бадел 1862 (67:41), Крива Паланка подобра од МЗТ Скопје, со убедливи (67:53)

Кошаркарките на Вардар ја преземаа лидерската позиција на табелата во Првата лига-жени, откако полесно од очекувањата, беа подобри на гостински терен во дуелот со Бадел 1862 (67:41).

Па сега, со скор од седум победи и еден пораз, се искачија на првото место на табелата, со еден бод повеќе во однос на Баскет Кам 2011, кој својот натпревар од ова коло, против екипата на Струга 2009, ќе го одигра на 5. декември.

По поразот на МЗТ Скопје Аеродром на гостувањето во Крива Паланка (53:67), сега „вардарки“ се и на два чекори пред еден од конкурентите за највисок пласман.

Кошаркарките на Крива Паланка имаа постојана резултатска позитива. А добар дел од работите ги реализираа во текот на втората четвртина во која обезбедија двоцифрена предност од 11.поени (42:31). По израмнетата трета четвртина, имаа и добар финиш, доволен за успех, односно трета победа во сезоната.

Одлично издание имаа МекКала, со 19. Поени, Алексовска која даде 18, и новото засилување, Американката Хавкинс кој постигна десет поени.

Кај МЗТ Скопје Аеродром, Плакај дојде до 16. реализации, Митева имаше 11, а Томас уште десет поени.

Мошне неизвесен меч одиграа екипите на Куманово-Гризли и Пробаскет. Беше решен буквално во последните минути, На крајот, победата остана за домашната екипа која беше подобра за еден поен (68:67).

Имаа кавадарчанки предност во најголем дел од натпреварот, кој се одигра во Скопје. Во воведниот период, имаа плус 5, (23:18), на полувремето нешто пониски (38:36). Водеа и по три четвртини кошаркарките на Пробаскет (53:49). Но во онаа последната, кумановки најдоа енергија за пресврт, и минимална победа.

Алексиќ и Петрушевска реализираа по 19. поени, а Американката Џонсон додаде 14.поени и 11.скока за победничката екипа. Кај Пробаскет, Јовановиќ постигна 25, Платер 19, а Раденковиќ уште 14 поени.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 8. КОЛО

Бадел 1862 – Вардар      41:67

Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром     67:53

Куманово-Гризли – Пробаскет            68:67

5.ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК)

20.00: Баскет Кам 2011 – Струга 2009