МЛАДИНЦИТЕ ГО “ПОТОПИЈА” ФК СКОПЈЕ СО 16:1
Младинците ја оправдаа фаворитската улога на средбата со ФК Скопје. Остваривме убедлива победа како домаќин со резултат 16:1 (8-0)
Младинците тргнаа офанзивно и веќе погодија за 1-0 по само 4.минута игра преку Гаштаров Матеј. Само еден тим играше на оваа средба дури осум гола постигнавме од 4 до 35.минута. Овој прв дел од последното коло оваа есен беше права голеада. Стрелецот на воведниот погодок, Гаштаров стрелаше и во 17 и 33.минута. Кузмановски Михаил погоди во 5.минута. Два убави гола беа дело на Туша Агрон. По еден гол впишаа капитенот, Цветков Горјан и Фидановски Зоран кој погоди ефективно. На одмор се замина со резултат 8-0 за црвено-црните младинци.
Во вториот дел кормиларот на младинците, Стојковски Трајче даде шанса на сите измени од клупата веќе на самиот старт на овој период. Сепак ритамот и понатака беше висок, доминацијата на црвено-црните остана и во ова последно полувреме од есенскиот дел од супер лигата. Ние погодивме уште осум пати, ривалот даде еден почесен погодок за конечни 16-1. Три пати погоди во овој период Николовски Марко (63′, 80′, 81′) покрај него стрелаа и Туша Агрон 85.минута, Стојановски Димитар 47.минута. Крстевски Антонијо 53.минута, Радевски Филип (60.минута).
Вардар: Филевски Никола, Фидановски Зоран, Спасиќ Тино, Спасовски Милош, Гаштаров Матеј, Јакимовски Лука, Туша Агрон, Цветков Горјан (К) Стефановиќ Виктор, Кузмановски Михаил и Дошев Ѓорѓи.
Играа уште: Јаневски Бојан, Стојановски Димитар, Николовски Марко, Крстевски Антонијо, Радевски Филип и Цветановски Матеј.