Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Три бода за кадетите на ФК Вардар во дуелот со Скопје
Три бода за кадетите на ФК Вардар во дуелот со Скопје

Три бода за кадетите на ФК Вардар во дуелот со Скопје

КАДЕТИТЕ СО ПОБЕДА НАД СКОПЈЕ ЈА ЗАВРШИЈА ЕСЕНСКАТА ЕТАПА.

Кадетите денес беа домаќини на тимот на ФК Скопје, на оваа средба дојдовме до победа со резултат 3:0

Тргнавме офанзивно на оваа средба од последното есенско коло. Имавме повеќе од играта, прва прилика за нас имаше Радески Златко. Вардарци доминираа во поле ривалот беше фокусиран на одбраната и се закануваше само по контра напади. Во 19.минута по грешка на противничката одбрана најбрз беше Бектеши Хабиб кој погоди за 1-0. Прилики за удвојување на предноста имаше Смиљков Филип и Шаботиќ Емир. На 3.минути до крајот на првиот дел во 42.минута имавме одлична акција, во завршницата на истата Мичо Поповски нафрли точно на главата на Смиљков Филип кој ефектно погоди од 5-6.метра за два гола позитива на црвено-црните. На одмор заминавме со предност од 2-0 за вардаровите кадети.

405277382_330949049692188_6944292152207280887_n

Вториот дел започна со наша иницијатива, гостинот имаше една прилика сепак на место беше нашиот голман Краљевски Максим. Ние тргнавме во офанзива и веднаш создадовме две прилики, за нас се заканија нововлезените Камчев Стојанче и Танчев Михаил. Се редеа прилики пред голот на гостите, стрелецот на првиот гол Бектеши и Камчев имаа свои шанси, сепак голманот на сино-белите беше на висина на задачата во овој период од натпреварот. Наградата за нашата офанзива дојде со голот на Танчев Михаил во 78.минута. Доби топка во празно одлично го мина последниот играч пред голманот и ефектно стрелаше за конечните 3-0.

Вардар: Краљевски Максим, Поповски Мичо, Настевски Ангел, Туша Харбин, Атанасовски Лука (К), Смиљков Филип, Радески Златко, Миовски Александар, Галевски Кристијан, Шаботиќ Емир и Бектеши Хабиб.

Играа уште: Ѓуроски Андреј, Ѓорѓиевски Матеј, Бошковски Андреј, Камчев Стојанче, Танчев Михаил, Николовски Самоил.