Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победнички крај на есенскиот дел за пионерите на ФК Вардар
Победнички крај на есенскиот дел за пионерите на ФК Вардар

Победнички крај на есенскиот дел за пионерите на ФК Вардар

Помладите пионери со победа го завршија есенскиот дел од сезоната, откако денес славеа на гостувањето на Железарница кај екипата на Скопје. Конечниот резултат гласеше 0:4 (0:1).

Избраниците на Влатко Колев одиграа доволно за да стигнат до три бода и на најдобар начин да го завршат првиот дел од сезоната. Во текот на целото прво полувреме имавме посед на топка, а првиот удар кон голот на противникот го имаше Стамчевски кој биеше крај голот. Домаќинот се обиде во два наврати преку контра напади да го загрози нашиот гол, но на место беше Павел Грбевски кој денес не дозволи да биде совладан. После една добра изградена акција, Бујароски одлично го пронајде Дамјан Буцевски кој успеа да го отвори резултатот и да ни донесе предност од 0:1 во 24 минута, резултат со кој се замина на полувреме. Во овој дел имавме уште неколку обиди кон противничкиот гол, сепак на кратка пауза се замина со само еден гол предност за нас.

Успеавме да зголемиме на 0:2 во 55 минута, откако Бујароски со центар шут од слободен удар го пронајде Христијан Јевтоски, кој успеа со глава да ја затресе домашната мрежа. Вардарци продолжија да притискаат на половината на противникот, после продорот на Буцевски кој беше соборен во шеснаесетникот, беше досуден пенал, кој успешно го реализира Душан Бојовиќ Заев кој ни донесе водство од 0:3 во 58 минута. Вардар го зголеми водството на 0:4, повторно од казнен удар, откако во противничкиот шеснасетник фаулиран беше Богдановски, а главниот судија оправдано покажа на белата точка, за Стефан Бујароски успешно да реализира во 85 минута. До крајот на мечот, црвен картон кај нас доби Јевтоски. Натпреварот заврши со резултат 0:4.

Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Леонид Стамчевски, Иван Ташовски (К), Илија Митаноски, Душан Бојовиќ Заев, Стефан Стаматоски, Стефан Бујароски, Дамјан Буцевски, Данило Делев.

Играа уште и Никола Јовановски, Михаил Алексов, Лука Богдановски, Матеј Георгиев и Теоодор Велковски.

Со победа финишираше есенскиот дел и за нашите пионери кои денес славеа на гостувањето кај екипата на Скопје со резултат 1:4 (0:2).

Одличен натпревар за избраниците на Димо Мушу, кој на крајот беше крунисан со три бода.

После неколку обиди кон противничкиот гол, Фуад Керими со силен и прецизен удар некаде 20-сетина метри во 35 минута успеа да ни донесе водство од 0:1, додека во 42 минута имавме водство од 0:2, откако капитенот Иван Блажевски се најде на вистинското место после одбиена топка, за зголемување на водството на полувреме.

Во вториот дел исто така имавме иницијатива и контрола на играта. Во 62.минута домаќинот си постигна гол во својата мрежа, за наша предност од 0:3, додека конечните 0:4 во 83.минута ги постави со својот втор гол денес, Иван Блажевски, кој направи притисок на половината на противникот, одзема една топка и успеа да ја внесе во мрежата, за конечни 0:4 на натпреварот од 11.коло во пионерската Супер Лига.

Вардар: Лука Грчевски, Алексеј Ивановски, Марко Крстевски, Фуад Керими, Стефан Атанасовски, Иван Блажевски (К), Ненад Стојанчевски, Гаврил Петаноски, Бобан Бакрачески, Миле Дрогрешки, Филип Дамевски.

Играа уште и Кристијан Каруловски, Филип Стефанов и Михаил Димов.