Избраничките на Платон Анжела и Марија Папуџиева гостуваа во последното коло кај Чаир. На дуел на кој доминиравме во целост остваривме победа со 15.гола повеќе, резултат 14-29. Со шест победи и едно реми ја делиме првата позиција на табелата оваа есен.
Ние поведовме два пати на стартот со по еден погодок, домаќинот врати со иста мерка за почетни 2-2. Тоа беше последниот позитивен резултат за чаирчанки на средбата. Следеше наша серија 1-5 со која се одлепивме на четири гола позитива при резултат 3-7. Од минута во минута во овој прв период предноста на црвено-црните кадетки растеше. На одмор имавме осум гола повеќе од ривалот, се замина на одмор со резултат 9-17 за нас.
Вториот дел имаше исти тек, некаде на 10-сетина минути до крајот минавме на двоцифрена предност при резултат 14-24. Во финишот постигнавме пет гола, а ривалот врати само со еден во нашата мрежа. Ова последно коло оваа есен го добивме со резултат 15-29.
⚫Вардар: Хасаноска, Франгоска 2, Божиновска 2, Јанева 1, Дамјаноска 2, Ѓорѓиева, Павичевиќ 1, Тодоровска 3, Илијоска, И.Соколовска, Смилевска, Петрова, Ристовска 3, Поповска 3, Д.Соколовска 2 и Миленкоска 6.