Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Девојките гостуваат во дербито кај шампионот Бадел 1862
Кошарка! Девојките гостуваат во дербито кај шампионот Бадел 1862

Кошарка! Девојките гостуваат во дербито кај шампионот Бадел 1862

Викендов на програмата во женската кошаркарска лига е новото, осмо коло од есенскиот дел. Нашиот црвено-црн женски кошаркарски колектив гостува кај екипата на шампионот Бадел 1862. Во ова дерби домаќинот ја има улогата на фаворит поради поквалитетниот ростер, но нашите девојки несомнено ќе се борат во сите 40.минути.

По одиграни 7.кола Бадел е првопласиран, тие одиграа шест дуели во изминатите кола и еднаш беа слободни. Во сите дуели победија и имаат максимални 12.бода. Вардарки се второпласиран тим со четири победи од пет дуели, единствен пораз ни е тој од шампионот во Кале.  Девојките на ЖКК Вардар се во победничка  серија од три дуела по ред. Натпреварот се игра утре, сабота, 16.декемви со почеток во 16-00 часот.