Младата екипа на женскиот ракометен колетив, Вардар Јуниор во рамки на натпревар од 15.коло во женската Супер лига е гостин в Битола. Девојките на Симе Симовски ќе гостуваат кај екипата на ЖРК Пелистер во недела, 17-ти декември, дуелот ќе се игра со почеток во 15-30 часот.
Нашите дами се кругот од четири тима кои атакуваат на вицешампионската позиција зад нашиот прв тим кој досега има 14/14 и максимални 42 освоени бода. Младите вардарки се петти со 23 бода, и се на само четири бода од втората посакувана позиција во единствената женска ракометна лига во земјава.