Двајца играчи на црвено-црниот ракометен машки колектив, нашиот капитен Стојанче Стоилов и крилото Мартин Поповски се најдоа на списокот од 21 ракометар на селекторот Раул Гонзалес за подготовките за Европското првенство. Истото ќе се игра идниот месец во Република Хрватска.
Според планот одготовките почнуваат на 25 декември во Скопје, но од 18 декември почнуваат и индивидуалните подготовки на одредени играчи што е подготвено од стручниот штаб. Вардаровиот тренер и селектор на црвено-жолтите, Раул Гонзалес во стручниот штаб го има Роберто Парондо, помошникот на женската екипа на Вардар, и Александар Царчев кој е тренер на голманите во нашиот тим.