Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Интервју! Будимир: Моите момци покажаа голем напредок есенва, во Брчко не очекува квалитетен и тежок турнир
Интервју! Будимир: Моите момци покажаа голем напредок есенва, во Брчко не очекува квалитетен и тежок турнир

Интервју! Будимир: Моите момци покажаа голем напредок есенва, во Брчко не очекува квалитетен и тежок турнир

Пионерите на РК Вардар кои играт во пионерската и кадетската лига ги предводи поранешната српска репрезентативка, членот на легендарната шампионска екипа на европскиот првак, Кометал Ѓ.П, единствената Адријана Будимир. Ретка е појавата дама да води машки тим во ракометот, а уште поретка е да има идеални и перфектни резултати. Момците на “Челичната Лејди“ сезонава имаа перфектна есен за што и веќе пишувавме. Тие настапија во две категории, пионерска и кадетска и во двете завршија како “Есенски шампиони“ со максимален ефект,  секогаш “газееа“ безмислосно и силно. Единствената, Будимир  постојано бараше и успеа од нив да создаде тим со најдобра одбрана во лигите, сето тоа дополнето и со фактот дека имаме најдобар напад создаде еден компактен колектив. Токму со неа разговараме за есенскиот дел во кој “газеа“ се, таа ни дава мислење и очекуваежње за турнирот во Брчко каде веќе се пристигнати нашите момци.

11899928_689636027802865_5114579286033766944_n

1. Bо пионерска лига оваа сезона имате 100% ефект, односно максиманен број победи.  Вие годинава како тим сте поискусни од лани како сте задоволни од доминацијата во лигата?

Во пионерската лига оваа сезона сме далеку поискуни од лани, истата не е некое мерило за нас и нашата конкурентност. Јас искрено овде  очекував доминација на моите момци, бидејќи им ги знам лимити и знам моите играчи до каде можат да одат во дуелите.

Грижливоста за своите момци е секојдневие

Грижата  за своите момци и  е секојдневие

2. Кадетска лига, зашто се решивте со момци кои се пионери по возраст да играте во истата? Како сте задоволни од есенската круна постигната на перфектен начин со 7 од 7 ?

Настапот во кадетската лига е сосема нешто друго, играме против две години повозрасни екипи кои се составени од играчи претежно родени 2000 година.  Политиката на клубот е таква, одлуката е сите селекции да играат во повозрасни лиги од својата реална генерација. Целта е да се натпреваруваат со повозрасни конкуренти затоа што само така ќе го почуствуваат жарот на вистинската борба. Во таква лига ќе се “калат“  и ќе бидат подготвени за прави предизвици. За настапот во кадетската лига сум многу задоволна, но треба да нагласам дека имаме уште доста да играме за да стигнеме до зацртаната цел- тоа е завршните Ф-4 турнири во двете лиги.

3. Ваша оценка за есенскиот дел и напредокот на тимот во однос на ланската сезона, каде има највеќе напредок по ваше мислење?

14642453_1443335569015514_7828500482366290368_n

Сеуште е рано да го оценувам, но има голем напредок на целиот тим во однос на изминатата сезона.  Тоа е плод на секојденвната макотрпна работа, на посветеноста и дисциплината која владее во мојата екипа постојано.

4. Создадовте компактен тим кој игра перфектно, што ја донесе “ хемијата“ помеѓу играчите и помеѓу вас и момците на вака високо ниво кое дава изворедни резултати?

Пред се ние сме едно големо семејство, кое брои 22 члена. Како такво фунционираме секојдневно, ги учам да почитуваа и да веруваат во себе. Им велам дека во ракометот не постои индвидуална игра дека тимот победува. Јас ги советувам дека за мене како тренер не е битно дали еден играч ќе постигне еден или 10 погодоци, туку е важно колку прилики ќе му создадеш на својот соиграч за да запише екипата гол. Исто така ги учам дека одбраната го добива мечот во ракометот, буквално цело мое огромно искуство им го “всадувам“ во глава. Заедничката работа, труд што ги вложуваме не донесе до ова нивно ниво на игра.

Будимир со тимот, дружбата која носи поврзаност!

Будимир со тимот, дружбата која носи поврзаност!

5. Брчко…ве очекува исклучитено квалитетен турнир веќе на дене, како одеа подготовките и  кои се очекувањата ваши од оваа сезона на овој исклучително силен меѓународен ракометен турнир?

Брчко…хм…исклучително силен турнир, по сите портали веќе го нарекуваат “мини лига на шампионите“ . Тој епитет го доби овој турнир бидејќи на него земаат учество најдобрите 20 екипи во ракометна Европа. Многу се подготвувавме за овој турнир, екипата во моментот е во зенитот, но сепак ќе биде  тешко, бидејќи играме по три меча дневно и тоа “вистински“  натпревари. Мислам дека тука физичката издржливост и резервната клупа ќе одлучат  за победникот на мечевите. Се надевам дека ќе дојдеме до ¼-финале т.е  посакувам да бидеме на крајот во топ-5 тимовите на овој силен меѓународен турнир.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ