Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: ЖКК Вардар викендов гостува кај Струга 2009, во меч од првото пролетно коло
Кошарка: ЖКК Вардар викендов гостува кај Струга 2009, во меч од  првото пролетно коло

Кошарка: ЖКК Вардар викендов гостува кај Струга 2009, во меч од првото пролетно коло

Зимската пауза во женската кошаркарска лига викендов завршува, викендов на програмата е 10.коло односно првата пролетна рунда во единствената женска кошаркарска конкуренција во земјава. Вардарки во ова деби коло во новата 2018 година ќе играат дуел во гости. Ние гостуваме кај екипата на ЖКК Струга 2009.

Дуелот си игра  задутре, на 27-ми јануари. Во последниот дуел помеѓу овие два тима кој се играше во малата сала при с.р.ц “Кале“ на кој ние бевме домаќини дојдовме до победа над стружанки со “плус дваесет“, односно со резултат 71-51. Ние пролетниот дел го стартуваме од втората позиција во лигата, во есенскиот дел имавме пет победи и два пораза, апак ривалот има обратен скор по седум одиграни кола. Оваа пролет, покрај  првенството црвено-црните дами ги очекуваа настапот и во Купот на Република Македонија во женска кошарка оваа пролет каде ја бранат титулата. Вардарки   оваа пролет ќе бидат посилни  за Едина Муса, таа повторно ќе игра за црвено-црниот состав.