Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Арпад Штербик би можел да го брани голот на Шпанија, во утрешното полуфинале против Франција
Арпад Штербик би можел да го брани голот на Шпанија, во утрешното полуфинале против Франција

Арпад Штербик би можел да го брани голот на Шпанија, во утрешното полуфинале против Франција

Шпанската ракометна репрезентација со победата против Германија успеа да се пласира во полуфиналето на ЕП во Хрватска. Сепак според последните информации, нивниот прв голман на ова ЕП, Гонзало Перез де Варгас се добил со повреда на десното колено, па неговиот настап на последните два натпревари е неизвесен.

Од таа причина голманот на Вардар, Арпад Штербик веќе се наоѓа на пат за Хрватска, каде би бил дополнително вклучен во репрезентацијата на Шпаниja и би можело да го брани голот на “фуријата“ во полуфиналето против Франција. Ако докторите не дадат позитивен сигнал, до утре до 09:00 часот, селекторот на Шпанија, Жорди Рибера ќе мора да го го внесе во составот, Арпад Штербик.