Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нацева, Дибирова и Радичевиќ: Не очекува тежок меч со Мец, поддршката од публиката ни е потребна
Нацева, Дибирова и Радичевиќ: Не очекува тежок меч со Мец, поддршката од публиката ни е потребна

Нацева, Дибирова и Радичевиќ: Не очекува тежок меч со Мец, поддршката од публиката ни е потребна

Европскиот вице-првак Вардар задутрем сабота во 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански” продолжува со натпреварите од Лигата на шампионите. На распоредот е меч од Главната фаза против екипата на Мец, дуел со кој ја почнуваме новата 2018 година во елитата. По тој повод денес се одржа прес конференција на црвено-црните дами. На истата своите очекувања од овој дуел и продолжувањето на возбудувањата во ЛШ изнесоа: Дибирова, Радичевиќ и Нацева.

Првиот натпревар ни е со Мец, кој е исто така фаворит за Ф4. Тие се многу добри, имаат многу добри играчи, во својот состав имаат и играчи што го освоија светското првенство. За нас ќе биде многу тежок натпревар, затоа што минатата сезона изгубивме таму. Но, сите наши играчи се во добра кондиција, имавме многу време за подготовка, и за анализа на противникот. Очекуваме поддршка од нашите навивачи и ќе дадеме сѐ од себе да победиме- изјави Дибирова.

После малку подолга пауза почнуваме со Главната фаза од лигата на шампионите, а целта е јасна, сакаме секој натпревар да го победиме. На почеток ни доаѓа екипа која на секоја позиција има по два одлични играчи, играчи кои освоија светско првенство. Но, подготвени сме. Го гледавме Мец и не ни недостига мотивација да направиме исчекор повеќе од лани. Верувам во својата екипа и дека клучот лежи во добра одбрана, и сигурна сум дека и нашите голмани Амандин Лејно и Ина Суслина ќе бидат одлични како и секогаш. Сигурна сум дека срцето ќе го оставиме на терен, пред сѐ во одбрана. Против нив е важно да имаме малку технички грешки, зашто се екипа која играат во сите можни зони. Верувам дека ќе ги освоиме двата бода и ќе си го олесниме четврт финалето. Посакувам во сабота да се повтори атмосферата каква што беше против Турингер и да почувствува Мец како е да се игра пред полни трибини. Ги повикувам навивачите да дојдат, да нѐ бодрат, зашто со нив е многу полесно да се стигне до победата- вели Радичевиќ.

Да не заборавиме дека екипата е од земјата која е актуелен светски шампион, Франција и дека за нив е дополнителна мотивација да се покажат. Тоа е предизвик и за нас, а и за публиката да дојдат и да видат врвен ракомет. Мец играат извонредна одбрана и се тим со најмалку примени голови во нашата група. Верувам дека девојките ќе најдат соодветно решение за во сабота- вели Нацева.