Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Заврши епизодата Охеда, играчот си заминува од Анталија
Заврши епизодата Охеда, играчот си заминува од Анталија

Заврши епизодата Охеда, играчот си заминува од Анталија

Охеда сепак може да биде и задоволен што околу 15-сетина дена беше дел од шампионот на Македонија. Аргентинецот дојде во Скопје, тренираше неколку денови па потоа замина во луксузната Анталија, се одмори, одигра 90. минути за Вардар а сега дојде ред и да си замине.

Јасно беше уште од првиот ден дека се работи за уште еден играч кој ќе дојде во Вардар, ќе одигра неколку пријателски натпревари  и ќе си замине. По Нимани, Чумбе, сега во листата влегува и Охеда.

Со заминувањето на Охеда сега Вардар ќе бара нов играч. Покрај замена за Охеда, Вардар бара и играч кој знае да одигра на средината на теренот односно некој кој ќе го замени Николов.