Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Велковски назад во Скопје поради повреда

Велковски назад во Скопје поради повреда

Играчот од одбраната Дарко Велковски ги напушти подготовките на Вардар во Анталија, и се врати во Скопје. Причина за враќањето во Скопје на Велковски е повреда.

Од медицинскиот тим на нашиот клуб информираат дека Дарко Велковски има воспаление на ахиловата тетива, поради тоа нашиот млад фудбалер се врати во Скопје да се рехабилитира од повредата.

Сега во Анталија Вардар ќе има двајца стопери во имињата на Грнчаров и Новак, тука е и Попов кој добива минути како централен дефанзивец.