Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Арпад Штербик пристигна во Загреб и го одработи последниот трениг со Шпанија, во пресрет на утрешното полуфинале против Франција
Арпад Штербик пристигна во Загреб и го одработи последниот трениг со Шпанија, во пресрет на утрешното полуфинале против Франција

Арпад Штербик пристигна во Загреб и го одработи последниот трениг со Шпанија, во пресрет на утрешното полуфинале против Франција

Најдобриот играч во 2017 година според специјализираниот портал “Хандбал планет“ и МВП на последнииот завршен турнир во Келн на кој Вардар успеа да освои Европска титула, Арпад Штербик по се изгледа утре ќе биде на голот на Шпанија, на полуфиналниот меч против Франција. Арпад веќе се се наоѓа во Загреб, каде вечерва го одработи последниот тренинг со својата репреентација во пресрет на утрешното полуфинале против “триколите“. После неочекуваната повреда на првиот голман, Гонзало Пере де Варгас, кој не е во состојба да и помогне на Шпанија на завршните мечеви, селекторот Жорди Рибера се реши довербата да му ја даде, на кој друг ако не на најдобриот моментално голман во Европа.

Искуството на Арпад може да биде од големо значење и решавачко на утрешниот дуел, на кој Франција влегува како фаворит, кој сепак нема да има лесна задача доколку на голот биде Штербик, кој оваа сезона исто така одлично го брани голот на Вардар. Тој ќе биде во тандем со голманот на ПСЖ, Родриго Коралес, а Кањелас добива друштво од редовите на Европскиот шампион и сега имаме двајца вардарци во составот на “фуријата“, единствените кои ќе се борат да донесат медал во Скопје.

Фото: Gol.mk