Во сабота и недела ќе се одигра и последниот дел од четвртото издание на младинскиот ракометен турнир, Вардар, еден живот, една љубов. На истиот ќе се натпреваруваат генерациите родени 2006/07, како и 2008 година и помали.
Во категориите момчиња и девојки родени 2006/07 година, ќе се натпреваруваат 15 тима. Кај девојките најдобрите тимови ќе се издвојат по одигрување на дуелите меѓу петте тима, додека кај момчињата в недела ќе се играат и полуфинални и финални натпревари.
* Билтен со распоред на натпреварите за категоријата 2006/07 машки: bilten_2018_06-07_mashki.docx
* Билтен со распоред на натпреварите за категоријата 2006/07 женски: bilten2018_2006_07_zheni.docx
Натпреварите за најмладите кои се натпреваруваат во мини ракомет се закажани за в сабота, на 27 јануари.
* Билтен со распоред на натпреварите за категоријата родени 2008 и помали: bilten2018_2008_i_pomali.docx
Во однос на локацијата каде ќе се одржуваат натпреварите, клубовите кои пријавија тимови дополнително ќе бидат известени. Академијата сѐ уште очекува одговор од Општината Кисела Вода за користење на салата „Независна Македонија”, која е во склоп на основното училиште „Невена Георгиевска Дуња”, каде е планирано во сабота, на 27 јануари да играат најмладите. Натпреварите што се закажани на 28 јануари, недела, ќе се играат во С.Р.Ц. Кале.