По зимската пауза продолжуваат возбудувањата во женската сениорска кошаркарска лига, викендов е првата рунда во 2022 година, поточно ќе се игра 12.коло од оваа сезона 2021/22.
Девојките на Александар Ашаданов ги очекува тежок дуел во воведното коло во оваа година, ние играме со шампионот тимот на Баскет Кам од Македонска Каменица. Првиот дуел на ЖКК Вардар е закажан за утре, сабота (22/01/2022) во СЦ „Кале “ во Скопје. Натпреватот ќе започне во 17-00 часот.