Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Хрватска загуби од Црна Гора, Анте Гаџа стрелец на два гола
Хрватска загуби од Црна Гора, Анте Гаџа стрелец на два гола

Хрватска загуби од Црна Гора, Анте Гаџа стрелец на два гола

Ракометната репрезентација на Црна Гора продолжува со изненадувањата на ЕП. Денес црнагорците со победа ја отворија втората групна фаза откако беа подобри и од репрезентацијата на Хрватска.

Црна Гора доминираше во текот на целиот натпревар и на крајот може да се каже дека и повеќе од заслужено успеа да стигне до победа. Избраниците на Хорват имаа само едно единствено водство и тоа за отварање на резултатот. Последното израмнување беше при резултат 3:3, по што Црна Гора влезе во серија од три погодоци и поведе со 6:3. На моменти Хрватска намалуваше на два гола негатива, последната ваква разлика беше при резултат 11:9, по што до крајот на првото полувреме, момците на Рогановиќ постигнаа четири голови  во серија, па на полувреме имаа висока предност од 15:9.

Голманот Небојша Симиќ и на овој натпревар беше најзаслужниот што неговата репрезентација го продолжува својот сон на ова ЕП. Повторно голманот на Мелсунген беше одличен на голот, па благодарение на неговите одбрани, Црна Гора не само ја одржуваше оваа предност, туку истата и ја зголеми кога резултатот беше 28:20. До крајот на натпреварот, Хрватска само успеа да намали на 32:26.

Со овој пораз, Хрватска ги загуби сите шанси, за можно полуфинале на ова ЕП. Анте Гаџа беше во составот на овој натпревар и псотигна два гола од три обиди.