Вчера на програмата во првата женска кошаркарска лига во групата „Исток“ беше 11.коло. Во истото девојките на Жаклина Стојановска беа домаќини, на КК Крива Паланка. Во вториот меѓусебен дуел оваа сезона, втор пат го победивме овој ривал.
ЖКК Вардар во нашиот дом, малата сала при СЦ „Кале“ во Скопје ја оправда фаворитската улога. Уште по првата четвртина ние влеговме во константна предност, на одмор помеѓу двете полувремиња заминавме со 14.поена позитива (45-31). И во вториот дел ние доминиравме и од минута во минута ја зголемувавме предноста, додадовме 23. поена повеќе на разликата, победата дојде со 37.позитива. Резултатот на крајот беше 87-50. Првата победа во гости беше поубедлива, таа беше остварена со 42.поена позитива, односно ЖКК Вардар победи со резултат 68-110 на таа средба.