Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар се врати на победите, високо совладана екипата на Патриот 2016
ЖКК Вардар се врати на победите, високо совладана екипата на Патриот 2016

ЖКК Вардар се врати на победите, високо совладана екипата на Патриот 2016

Во рамки на 14.коло од женската сениорска кошаркарска Прва лига, тимот на ЖКК Вардар ја пречека екипата на Патриот 2016. Девојките на Жаклина Стојановска се вратија на победите по поразот од Бадел во петокот.

Црвено-црните дами имаа максимална доминација во сите четири периода на оваа средба, од минута во минута ја зголемуваа разликата. Победивме со високи 63.поени разлика, победата беше обезбедена со резултат 103 – 40. По ова 14.коло ние и Бадел го делиме врвот, двата тима имаат по 27.бода, имаме по 13.победи и по еден гостински пораз од меѓусебните дуели оваа сезона со сино-жолтите дами.