Откако се одигра и последното 14.коло во Лигата на Шампионите, беше познат пласманот на екипите во најсилната група Б.
Што се однесува до позициите на табелата, немаше промени после одигрување на последното коло. Екипите ги задржаа своите позиции и ниту еден од тимовите не успеа да направи скок на табелата.
Вардар, во случај и да го добиеше мечот со екипата на Монпелје, ќе останеше на 6.место на табелата, со оглед дека и екипата на Порто не остави ништо на случајноста и славеше на гостувањето кај екипата на Брест Мешков.
Веспрем со триумф ја заврши групната фаза, откако ја оправда фаворитската улога на мечот против Мотор Запорожје. На овој дуел кој се одигра во Украина, славеа убедливо унгарците и на тој начин го освоија второто место во групата. Без разлика на поразот во Полска, Кил заврши како лидер во групата и на тој начин обезбеди директен пласман во 1/4 финалето, додека Киелце со победата само го потврди третото место во групата.
Место во следната елиминациска рунда ќе нема за екипите на Брест Мешков и Мотор Запорожје, кои завршија на последните две позиции во групата.
Сите резултати од одиграното 14.коло во најсилната група Б:
Брест Мешков – Порто 32:35
Мотор – Порто 22:32
Вардар – Монпелје 27:31
Киелце – Кил 32:30
Табелата во најсилната група Б изгледа вака:
1. Кил
2. Веспрем
3. Киелце
4. Монпелје
5. Порто
6. Вардар
7. Брест Мешков
8. Мотор Запорожје