Вардарци вистински владеат во лигата М13. На финалниот турнир влегоа и двете наши екипи, Вардар 2 и Вардар 1 кои убедливо ги поразија своите противници.
Завчера во СРЦ Кале се одиграа финалните натпревари, а ова е исходот од нив:
Не треба повеќе да се зборува за оваа генерација на момчиња, кои под раководната палка на тренерот Ашаданов (Вардар 2) и тренерот Данев (Вардар 1), функционираат како вистинско семејство.
Трето место / МЗТ Скопје Аеродром – Вардар 1 61:80
Финале / Вардар 2 – Академија ФМП 69:46
- Најкорисен играч на финалето беше избран Бојан Величковски од Вардар 2.