Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Slider > Иван Чупиќ ја одигра најефикасната сезона во својата играчка кариера, златното вардарово момче и во следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес
Иван Чупиќ ја одигра најефикасната сезона во својата играчка кариера, златното вардарово момче и во следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес

Иван Чупиќ ја одигра најефикасната сезона во својата играчка кариера, златното вардарово момче и во следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес

Единствениот играч кој успеал да освои три Европски титули на завршниот турнир во Келн, доаѓа токму од редовите на Вардар. Се работи за златното момче, Иван Чупиќ кој и во наредната сезона ќе го гледаме во црвено-црниот дрес.

Чупиќ дојде во Вардар како актуелен шампион на Европа од екипата на Киелце и во првата сезона како играч на Вардар, успеа да ја одбрани Европската титула. Следеше и трето последователно учество за Чупиќ во Келн, на кој Вардар го освои четвртото место, додека оваа сезона повторно се најде во Келн и повторно испиша историја за себе и Вардар. Со победата во големото финале против Веспрем, црвено-црните стигнаа и до вториот скапоцен трофеј од најголемото натпреварување, а за хрватското крило вкупно трет во неговата играчка кариера.

Инаку, Иван Чупиќ ја одигра и својата најдобра сезона во својата играчка кариера. Сезоната во Вардар ја заврши со 76 постигнати голови, што е најголемо негово достигнување. Никогаш претходно не му пошло од рака да стигне до ваква бројка на голови, а најблиску бил во далечната 2009/10 сезона кога настапувајќи за тимот на Горење Велење, успеал да постигне 70 голови. Сезоната во Вардар ја заврши како трет најдобар стрелец, веднаш зад Кристопанс и Дибиров.

f4-keln-2019-dodeluvanje-medali-208311

Неговото големо искуство е непроценливо „богатство„ за Вардар, а неговата рака никогаш не затреперува во решавачките моменти. Само да потсетиме во 2017 година, токму со неговиот гол во последните секунди, беше совладан ПСЖ во големото финале, што значеше и првата Европска титула за Вардар, додека оваа година, исто така беше стрелец на последните два гола за својот тим, во финалниот дуел против Веспрем.

Чупиќ даде до знаење дека не го интересира никој друг клуб, освен Вардар, дека во Скопје му е добро и дека тука сака да остане. Нема да биде чудно, ако Чупо и ја заврши кариерата во Вардар.