По крајот на зимската пауза, веќе утре, вторник (11.јануари) есенскиот лидер во сениорската 2ра одбојкарска лига, екипата на ЖОК Вардар ЕМ ќе ги започне зимските подготовки. Црвено-црните дами ќе започнат со подготовки за пролетните предизвици, пред нив е тешка задача, зачувување на лидерската позиција која носи промоција во одбојкарската елита, првата лига.
Првиот собир со девојките тренерскот двоец, Емилија Јаничиќ и Мирјана Стефановска ќе го имаат во салата при средното училиште „Орце Николов“ во Скопје, истиот е закажан со почеток во 19-00 часот.