Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Завировски одработува одлични подготовки
Завировски одработува одлични подготовки

Завировски одработува одлични подготовки

Атлетичарот на Вардар, Петре Завировски ги одработува подготовките за својата 13-та професионална сезона во дресот на Вардар.

.

Во минатото од трките на кариерата во Драч и Подгорица до блесоците на Скопскиот маратон со доволно собрано искуство низ годините. Сега во својата 28-ма година од животот можеби тренира на највисоко ниво во досегашниот дел од кариерата. Засега зимата во Скопје оди во прилог на атлетичарите па колку толку имаат поволни амбиентални услови за тренинг. Вардарецот не ги крие високите амбиции за сезоната која претстои.

.

Вреди да се напомене квалитетот на тркачи на долги патеки во Македонија е можеби најдобар во историјата на македонската атлетика. Секако тоа е додатен мотив за сите да се вложат уште повеќе за личен поголем напредок. Сезоната која заврши според резултатите беше 3-та најдобра во кариерата на Завировски. Зошто сезоната 2022 да не биде и најдобра во неговата кариера. Му посакуваме многу успех.